Њујорчани должат над милијарда долари за неплатена кирија

57

Жители на Њујорк кои живеат под кирија, во текот на пандемијата, не ги подмириле своите обврски за станарина во висина од над милијарда долари, пишува Wall Street Journal.

Износот на овој долг е потврда дека надоместокот за невработеност и досегашните државни пакети за помош не биле доволни за подмирување на обврските што ги имаат домаќинствата, а меѓу нив се и оние за изнајмување на просторот за живеење.

Податоците доаѓаат од истражувањето што ги опфаќа зградите во Њујорк што подлежат на градските закони за закуп. Становите во тие згради се околу половина од вкупниот број на станови за изнајмување во Њујорк.

Истражувањето покажува дека дури 185.000 домаќинства кои живеат во такви станови доцнат со плаќање на кирија повеќе од два месеци, а просечниот долг надминува 6.000 долари.

Фото: Freepik