Њујорк ќе ги гаси светлата на зградите за да ги заштити птиците преселници

85

ptici

Американската држава Њујорк ќе ги изгаси непотребните светла на објектите на државните институции за да им помогне на птиците да ја најдат својата миграциска рута на пролет и на есен, пишува BBC.

Се верува дека птиците преселници ги користат ѕвездите за да го пронајдат патот, но тие се дезориентираат од електричните светла и се удираат во зградите.

Милиони птици секоја година поминуваат низ Њујорк за да го пронајдат својот пат. Голем дел од нив поради феноменот “фатална привлечност на светлото“ угинуваат од ударот на стаклените фасади на зградите.