Њујорк ќе има своја криптовалута

60

Њујорк е на пат да има своја криптовалута во согласност со визијата на новиот градоначалник Ерик Адамс да управува со т.н. „криптоград“. Тој сака да го претвори Големото јаболко во центар за криптовалути. Монетата ќе се вика NYCCoin, пишува Business Insider.

Криптовалутата ќе биде лансирана со непрофитен протокол наречен CityCoins, кој им дава можност на инвеститорите да ги поддржат своите градови. Кога се купуваат или ископуваат монети, непрофитната организација дистрибуира 30% од својот надомест на градот.

Сепак, ова не е прв ваков случај. MiamiCoin до денес има заработено повеќе од 21,3 милиони долари за градот Мајами од неговото лансирање во август 2020 година.

Адамс рече дека ќе ги земе првите три плати во биткоини, неколку дена откако градоначалникот на Мајами, Френсис Суарез, рече дека ќе ја земе следната плата во истото средство.

Во октомври, градоначалникот Суарез изјави за The Washington Post дека се надева дека MiamiCoin ќе го „поддржи“ неговиот град доволно за да ги спречи неговите жители да не плаќаат даноци.