Њујорк му ја одзеде титулата најголем финансиски ценар на Лондон

26

Лондон ја изгуби светската лидерска позиција на најголем финансиски центар, препуштајќи му го првото место на Њујорк. Прогнозите говорат дека оваа титула до 2016 година ќе ја презеде Хонг Конг.

Истражувањето на Центарот за економски и деловни истражувања покажа дека бројот на работни места во финансискиот сектор во Лондон од 280.350 во 2011 година, паднал на 249.512 годинава.

Њујорк до крајот на оваа година ќе брои 254.102 вработени во финансии, додека Хонг Конг, моментно третиот најголем финансиски центар, во идните три години ќе го престигне Лондон и ќе вработи 247.912 финансиски експерти, а една година подоцна ќе ја презеде титулата и од Њујорк.

Според директорот на Центарот за истражување, Даглас Мек Вилијамс, ваков пресврт е неизбежен со оглед на тоа дека се менува економската географија на светот.