Њујорк става крај на автомобилите на бензин и дизел до 2035 година

25

Најголемиот град во Соединетите држави во однос на населението е пред целосно напуштање на автомобилите со бензин и дизел до 2035 година. Гувернерката на Њујорк, Кети Хачел потпиша регулатива која има за цел до крајот на следните 14 години сите автомобили и мали камиони да бидат со нулта емисија на штетни гасови.

Истата промена ќе биде воведена за тешките камиони до 2045 година, пренесува US News, повикувајќи се на Ројтерс.

Минатата година гувернерот на Калифорнија потпиша наредба со која се забранува продажба на автомобили на бензин и нафта од 2035 година.

Во меѓувреме, оваа пролет, Њујорк, Калифорнија и уште 10 држави побараа од претседателот Џо Бајден да воведе стандарди за да се осигура дека барањата за продажба на целосно зелени модели ќе бидат воведени низ целата земја во текот на следните 15 години.

За да се исполнат климатските цели, ќе мора 400.000 од 2 милиони сопственици на автомобили во Њујорк да преминат на електрични модели до крајот на деценијата.

Во истиот период, исто така, ќе биде инсталирана мрежа од 10.000 станици за полнење.