Фото: Pixabay
Американскиот град Њујорк од први овој месец ја забрани употребата на чаши и амбалажа од стиропор, пишува непрофитната организација за зачувување на природни ресурси, NRDC (Natural resources defense council).
Со ова законско решение им се забранува на рестораните, продавниците за храна и продавниците да продаваат, поседуваат и нудат храна и пијалаци во амбалажа направена од стиропор.
Иако оваа мерка има важност од први јануари, компаниите во Големото јаболко ќе имаат можност во следните шест месеци да ги направат неопходните промени пред и официјално да започне да важи забраната. По 30-ти јуни оваа година, оние кои ќе продолжат да нудат храна и пијалаци во забранетата амбалажа од стиропор, ќе треба да платат казна од 250 долари.