Њујоршката опера Метрополитен, којашто е затворена од март минатата година поради пандемијата, објави дека за следната сезона ќе побара сите да бидат вакцинирани, почнувајќи од техничкиот персонал, ансамблот и публиката.
“Метрополитен ќе биде целосно вакцинирана куќа. Сите гледачи ќе мора да прикажат доказ дека се целосно вакцинирани со вакцина што ја одобри Американската агенција за лекови и Светската здравствена организација за да може да влезат во зградата“, соопштува Њујоршката опера.
Сите изведувачи и членови на оркестарот, целокупниот персонал мора да се вакцинира, а според платниот список на операта, станува збор за околу 3.000 лица.
Засега њујоршки Бродвеј не побара задолжително вакцинирање, но за првите спектакли на театарот ќе се бара од публиката да биде вакцинирана.
Сезоната 2021/22 би требало да започне на 27-ми септември со операта Fire shut up in my bones, којашто ја компонираше Теренс Бланчард.
Во текот на пандемијата, во операта во Њујорк владеела напнатост бидејќи управата сакала да ги намали платите на вработените поради пад на приходите.
Фото: Facebook