На одбележувањето на 29-ти ноември – Денот на даночните работници, НЛБ Банка се здоби со признание за висок степен на даночна култура во 2020 година од страна на Управата за јавни приходи. Целта на овој настан е да им се оддаде признание на компаниите кои редовно и уредно ги сервисираат своите даночни обврски, што е од исклучителна важност за стабилноста и ликвидноста на државниот буџет.
Наградата ѝ припадна на Банката сосема оправдано имајќи ги предвид нејзините високи стандарди на работење како и одговорното применување, следење и почитување на даночните прописи и обврските кон државата и деловните партнери.
Денот на даночните работници, којшто секоја година се прославува на 29 ноември, поради условите кои ги наложи пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, оваа година се одбележа целосно on-line. Овој ден се одбележува од 1997 година со цел да се даде внимание на даночните работници од Управата за јавни приходи, Царинската управа и други даночни служби во обезбедувањето финансиски средства за функционирање на државата.