НЛБ Банка ги исплати пензиите: Средствата се веќе достапни на сметките

Почна исплатата на августовските пензии за клиентите на НЛБ Банка. Од банката информираат дека средствата се веќе префрлени на сметките на корисниците и пензионерите можат веднаш да располагаат со своите пари.

Со цел избегнување на метежите пред шалтерите и заштеда на време, од НЛБ Банка ги советуваат пензионерите за поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.