НЛБ Банка и VISA ве носат на Светското првенство во фудбал во Катар

62

Во пресрет на Светското првенство во фудбал кое оваа есен ќе се одржува во Катар, НЛБ Банка и Visa организираат „ГООООЛема наградна игра!“.

Според правилата на наградата игра, сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички кои, во периодот од 1 септември до 15 октомври 2022 година, ќе направат најмалку една трансакција на износ од минимум 300 денари, стануваат потенцијални добитници на една од двете главни награди – патување и престој за двајца на Светското фудбалско првенство во Катар.

Покрај двете главни награди, предвидени се и дневни и неделни награди во форма на фудбалски топки и специјални спортски сетови. Извлекувањето на дневните награди ќе се врши секој работен ден, почнувајќи од 2 септември до 17 октомври 2022 година, додека неделната награда – спортски сет, ќе се доделува секоја среда, во истиот временски период.

Двајцата среќни добитници кои ќе патуваат за Катар ќе ги дознаеме на 17 октомври, кога е закажано извлекувањето на главните награди.

Во наградната игра ќе бидат доделени 60 дневни, 12 неделни и 2 главни награди, а секоја трансакција од минимум 300 денари преку НЛБ Visa кредитните картички носи нова шанса за награда.

Повеќе информации за наградната игра може да добијат на следниот линк.