НЛБ Банка: Известување за исплата на пензии

Согласно информацијата од ПИОМ за исплата на пензиите на 01.08.2024, на истиот ден, пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија во експозитурите и на банкоматите на НЛБ Банка.
Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, стои во соопштението на НЛБ Банка.