НЛБ Банка: Известување за исплата на пензии

27

НЛБ Банка АД Скопје информира дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 01.02.2024 (четврток).

Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, на 01.02.2024 (четврток) пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време.

 “Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, известува банката.