НЛБ Банка ја продолжува промотивнaта кампања за кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јули

15

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредитите за физички лица, при што сите  клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ кредитите, ќе имаат можност да искористат низа промотивни поволности.

Клиентите кои овој јули ќе се одлучат за купување на нов дом, но и оние кои во текот на летото имаат потреба од финансиски средства за реализација на своите планови, добиваат единствена можност, подигнувањето на кредитот да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка, за оние кредити за кои е потребно да се изврши проценка.

Дополнителна придобивка на НЛБ кредитите е нивната лесна достапност, едноставни процедури  и брзина на одобрување. Потрошувачките кредити се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а кредитот е достапен со само една посета на експозитура или пак со само неколку клика во мобилното банкарство ако клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит во износ до 10.000 еур.

Кога станува збор за станбените кредити, Банката има флексибилен однос со цел изнаоѓање на вистинско решение за секој клиент, а преку одличната соработка со градежните компании, Банката на своите клиенти им овозможува поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

Повеќе информации за сите кредитни продукти и промотивната понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.