НЛБ Банка ќе дели дивиденда

50

НЛБ Банка АД Скопје ги објави предлог Одлуките за претстојното собрание на Банката, кое ќе се одржи на ден 19.11.2021 година.

1.Согласно Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна
сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година и 2020 година, се исплатува
дивиденда во брутоизнос од 1.526.207.007,00 МКД

1.1. 503.895.990,00 МКД од акумулирана добивка во 2019 година.

1.2. 1.022.311.017,00 МКД од акумулирана добивка во 2020 година.

2. Износот на брутодивидендата по акција изнесува 1.787,00 МКД.

3. Последен датум на тргување со право на дивиденда е 1.12.2021 година. Прв датум
на тргување без право на дивиденда е 2.12.2021 година. Датумот на евиденција
според кој се определува списокот на акционери што имаат право на делот од
добивката наменет за дивиденда е 3.12.2021 година, потврдено со Изводот на
акционерската книга на ЦДХВ.

4. Исплатата на дивиденда ќе почне на 30от ден од одржувањето на Собранието на
НЛБ Банка АД Скопје.

5. Акционерите што имаат право на дивиденда ќе бидат известени за оваа одлука со
соопштение во еден од дневните весници што излегуваат на територијата на
Република Северна Македонија.

6. Одлуката стапува во сила на денот на донесување.