НЛБ Банка: Пензиите за месец декември ќе бидат исплатени на 3 јануари

9574
НЛБ Банка ги известува пензионерите кои примаат пензија преку НЛБ Банка дека пензиите за месец декември ќе бидат исплатени на 3 јануари, 2024 година.
Потсетуваме дека по завршување на ковид пандемијата, исплатата на пензиите, согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика се врши директно од буџетот на државата, на први во месецот, а по добивање на писмена информација од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, стои во објавата на НЛБ Банка.
Информацијата добиена од Фондот е дека средствата за пензии за месец декември ќе бидат префрлени на деловните банки на 3 јануари, 2024 година.