НЛБ Банка по повод Меѓународниот ден на образованието: Развојот на вработените основа за личен и организациски раст

22

Препознавајќи ја трансформативната моќ на образованието во обликување на подобра иднина, НЛБ Банка се придружи кон глобалната иницијатива во одбележување на Меѓународниот ден на образованието. Виталната улога што образованието ја има во напредокот и толеранцијата, НЛБ Банка ја усогласи со една од своите три основни вредности „Се развиваме“.

Образованието е идентификувано од Банката како клучен двигател за напредок, личен и организациски раст. Токму затоа, Банката континуирано вложува во едукација и професионална надградба на своите вработени. Во 2023 година, НЛБ Банка организираше речиси 8.000 учества на тренинзи и 400 обуки, акумулирајќи повеќе од 42.200 часа едукација или во просек повеќе од 44 тренинг часови по вработен.

Значаен акцент, со над 4.600 часа беше ставен  на „Data management” едукација  како важен сегмент од работењето на Банката, но и на бројни тим билдинг активности за унапредување на сплотеноста, заедништвото и соработката помеѓу вработените.

„Ние сме амбициозни, љубопитни и постојано учиме затоа што веруваме во моќта на образованието.  Создаваме амбиент на лични и организациски вложувања кои потикнуваат раст, претприемништво и го подобруваат животот“. –  истакнуваат од НЛБ Банка, акцентирајќи ги своите вредностите на кои НЛБ ја темели својата организациска култура.