НЛБ Банка со предупредување до граѓаните: Внимавајте на лажни СМС пораки

НЛБ Банка упати  предупредување до граѓаните за појава на лажни СМС пораки преку кои се злоупотребува името и брендот на банката со цел кражба на лични и финансиски податоци.
„Забележани се лажни СМС пораки во кои се злоупотребува името и брендот на НЛБ и се бара од примателите да внесат или потврдат лични податоци преку линк.
 Не кликајте на непознати линкови и не внесувајте лични, картични или податоци за електронско/мобилно банкарство.
НЛБ никогаш нема да побара од вас лозинка, ПИН или други доверливи податоци преку СМС линк.
Пред да споделите податоци, проверете ја пораката и нејзиниот извор.
Бидете внимателни и заштитете ги вашите податоци и финансиски средства!“, апелираат од НЛБ Банка.