НЛБ Банка со промени во Управниот одбор: Јанковиќ реименувана, Бухов нов член на одборот

Согласно правилата за котација, НЛБ Банка АД Скопје ја информира јавноста дека Народната банка на Република Северна Македонија на 18 ноември 2025 година издала решенија со кои дава претходна согласност за именување и реименување на членови на Управниот одбор.

Со донесените решенија, Катерина Јанковиќ е реименувана за член на Управниот одбор на НЛБ Банка, со нов четиригодишен мандат што ќе започне да важи од 30 јануари 2026 година.

Во Управниот одбор влегува и Кирил Бухов, кој е именуван за член со мандат од една година. Неговиот мандат ќе започне на 3 јануари 2026 година.

Од Банката информираат дека со издавањето на решението за именување на Бухов, престанува мандатот на досегашниот член на Управниот одбор, Игор Давчевски, чија функција завршува на 2 јануари 2026 година.