НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до 31 мај

80

Во периодот од 1.04.2021 до 31.05.2021 година НЛБ Банка започнува промотивна кампања за кредитите за физички лица. За време на промотивниот период клиентите ќе можат да искористат низа придобивки и поволности, при што сите кредити ќе бидат достапни без трошоци за одобрување, додека станбените и хипотекарните кредити ќе се одобруваат и без трошоци за проценка на имот.

Во овој период НЛБ Потрошувачките кредити  ќе бидат достапни со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци, а клиентите дополнително ќе добијат и бесплатна НЛБ Mastercard haPPy кредитна картичка.

Во рамките на потрошувачките кредити, НЛБ Банка како лидер на пазарот во Банкоосигурување,  воведува нов и единствен продукт за животно осигурување.  Се работи за сосема нов концепт на животно осигурување кој на клиентите им носи низа придобивки: понуда на пошироко осигурително покритие, брза и едноставна постапка за прием во осигурувањето, како и можност за плаќање на премијата за осигурување преку ратите од кредитот.

Во однос на оние клиенти кои оваа пролет ќе се одлучат да зачекорат во нова приказна и сакаат да купат нов стан ќе можат да ги искористат придобивките за НЛБ Станбените кредити кои се со подолг рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија.

За кредитните продукти на НЛБ Банка  и за промотивната понуда можете да добиете повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.