НЛБ ќе му ги продаде на Агрокор акциите во Меркатор

28

mercatorНова љубљанска банка (НЛБ), во согласност со словенечката влада донесе одлука акциите во Меркатор да му ги продаде на хрватскиот концерн Агрокор, јавуваат словенечките медиуми.

Неофицијално и Банка Цеље се согласила на продажба на акциите.

Словенечко Дело пишува дека сега веројатно и другите членови на продажниот конзорциум составен од банки и групата Пивоварна Лашко ќе се согласат со продажбата на 53% акции во Меркатор. Дело додава дека во завршните преговори, Агрокор на акционерите во најголемиот словенечки трговски ланец им понудил по 120 евра за акција.

Конзорциумот кој поседува 53% од акциите на Меркатор го сочинуваат Пивоварна Лашко, Пивоварна Унион, Раденска, НЛБ, НКМН, Горењска банка, Банка Копер, Банка Цеље, Хипо Апле – Адриа, НФД, НФД Холдинг и Први фактор Белград.