Нова љубљанска банка (НЛБ) на малите претпиемачи во Словенија им понуди бесплатен наем на простор, пишува весникот Дело. Со оваа понуда НЛБ сака на малите претприемачи да им обезбеди простор за развој на потенцијално претприемачко опкружување. Во соработка со надворешни партнери, Банката сака да обезбеди инфраструктура за јакнење на сите видови деловни активности во локална средина и да овозможи услуги како co-working, изнајмување простор, советувања, понуда на даночни, сметководствени, маркетинг и правни услуги, претприемачко и финансиско образование и да обезбедат услови за интеграција на организација за поддршка на развојот на претприемаштво и вмрежување.
Понудени се деловни простори на пет локации, во Марибор, Љубљана, Мурска Собота, Камник и Трзин, а јавниот повик е објавен на страната на НЛБ.
Повикот е наменет за организации и претприемачки иницијативи кои не можат да платат наем или немаат доволно простор за извршување на дејноста.