Нобелова награда за научникот кој ја поврза економијата со психологијата

12

ricard

Фото: University of Chicago

Американскиот научник Ричард Талер, чија работа убеди многу економисти да посветат поголемо внимание на човековото однесување и многу влади да посветат поголемо внимание на економијата, ја доби Нобеловата награда за економија за 2017 година, пишува New York Times. Тој е одликуван поради неговите придонеси во расветлувањето на однесувањето на полето на економијата. Станува збор првенствено за психолошки фактори што играат влијание врз донесувањето на економски одлуки.

Талер, кој е професор по наука на однесување и економија на Универзитетот на Чикаго, е автор на најпродаваната книга Nudge којашто им помага на луѓето да донесуваат подобри одлуки. Тој, исто така, се појавува и во филмот The Big Short, снимен во 2015 година за причините за финансиската криза од 2008 година.

Нобеловиот комитет, најавувајќи ја наградата во Стокхолм соопшти дека му оддава признание на професорот за неговата пионерска работа за утврдување на фактот дека луѓето се очекувано ирационални, односно постојано се однесуваат на начин со којшто ја нарушуваат економската теорија. Луѓето ќе одбијат да платат повеќе за чадор за време на бура; Тие ќе купат шолја кафе за три долари, но ќе одбијат да ја продадат за шест долари.

Талер добива награда од девет милиони шведски круни, односно околу 1,1 милиони долари. Запрашан како ќе ги потроши парите од наградата, тој одговори дека ќе ги троши ирационално.

Нобеловата награда за економија е воспоставена во 1968 година на предлог на Шведската народна банка и не е дел од првобитната група награди оставени во тестаментот на Алфред Нобел од 1895 година.