Нобеловата награда ќе се доделува виртуелно

27

Церемонија со физичко присуство на Нобеловата награда во Стокхолм, што беше закажана за 10-ти декември, е откажана првпат од 1944 година, поради пандемијата.

“Последен пат кога немаше церемонија во Стокхолм беше во 1944 година, за време на Втората светска војка, иако оваа година ќе има виртуелна церемонија“, вели Густав Келстранд, историчар на Фондацијата Нобел.

На телевизија ќе биде организиран пренос, а лауреатите своите награди ќе ги добијат од далечина.

Имињата на добитниците на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија, книжевност, мир и економија, ќе бидат објавени на предвидените датуми меѓу петти и 12-ти октомври од Стокхолм и Осло.

Од норвешкиот Нобелов институт претходно најавија дека во Осло на 10-ти декември ќе биде одржана мала церемонија во редуциран формат.

Инаку, во Стокхолм секоја година на 10-ти декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел, се доделуваат награди што ги одредува одборот за доделување.

Фото: Pixabay