Нобеловата награда за економија доделена на тројца Американци

22

nobel-laureatesНобеловата награда за економија им е доделана на американските научници Јуџин Фама, Ларс Питер Хансен и Роберт Шилер за истражување кое го подобрува квалитетот на долгорочните прогнози на цената на имот, објави Одборот за доделување на Нобеловата награда во Стокхолм.

“Невозможно е да се предвиди каква ќе биде цената на имотот (акциите и обврзници) за неколку дена или недели, но можно е да се предвиди нејзиниот поширок тренд во подолг временски период, на пример во следните три до пет години, утврдија и со анализа поткрепија годинешните лауреати”, нагласи Одборот на Кралската академија при доделувањето на наградата.

Паричниот фонд на наградата изнесува 1,25 милиони долари.