Nobull доби златна награда на престижните MUSE design awards

70

Македонскиот бренд NOBULL… (www.justnobull.com), еден од брендовите на Македонија-Експорт, освои златна награда на престижните MUSE design awards.

Со 3.942 пријавени апликации од целиот свет, натпреварот се покажа како еден од водечките настани кои го промовираат креативното и дизајнерско совршенство.

Наградите MUSE се креирани од International Awards Associate (IAA), меѓународно признаено тело кое цели кон поттикнување и промовирање на креативноста преку обезбедување на нов стандард за извонредност во рамките на производствената и дизајнерската заедница. MUSE платформата претставува извор на информации за врвни луксузни брендови, но и за стартапи кои се на почеток, а имаат потреба од пошироко интернационално разоткривање.

Обезбедувајќи непристрасност и строги критериуми за проценка, IAA формираше жири составено од професионалци во повеќе индустрии, како Мин Ли, маркетинг менаџер на Фејсбук, Себастиано Бони, раководител на корисничко искуство на Хуавеи, Ренато Барето, креативен директор на МуленЛоу, Алехандро Калеро, директор за иновации при ООН и многу други.

“Со огромна чест и задоволство ја пренесуваме веста за добиената Златна награда на MUSE Design Awards 2021 во категоријата пакување на производи. Нашиот тим неуморно работеше на градење на брендот NOBULL… од нула, и ова меѓународно признание е охрабрување што нè води напред. Наградите како оваа нè мотивираат да продолжиме и понатаму да го работиме она што го работиме со растечки ентузијазам, знаејќи дека напорната работа е потврдена на меѓународно ниво“, изјави Владимир Насев, бренд менаџер на NOBULL…

NO BULL… ја делеше сцената со светски познатите брендови, меѓу кои беа и PlusOne, Walmart, Fiverr, Subaru USA, Cineplex, BBC Studio Events, KFC, Burberry Beauty, Hyundai, Mondelez International, Inc. (OREO), Disney+, SG Yamaha Motor Company и многу други.

NOBULL… се здоби со златна награда во категоријата за дизајн на пакување. Пакувањето беше изработено од Димитар Проданов, сопственик на креативната агенција OmniCreative.

“Освојувањето на оваа престижна (златна) награда е огромна чест за мене! Овој вид меѓународни натпревари истакнуваат уникатни дела направени од заедницата на дизајнери. Одлично е да добиете афирмација од меѓународно признаено тело за напорот што го вложивме во целиот креативен процес. Се чувствувам горд што придонесувам во создавањето креативни парчиња што ќе промовираат и инспирираат фасцинантни дизајни“, рече Димитар Проданов, дизајнер на пакувањето за NO BULL…

NOBULL… (www.justnobull.com) претставува уникатен и иновативен бренд концепт, кој вклучува 9 производи од категоријата слатки и солени грицки, произведени во 4 фабрики во Македонија и Србија (А.Д ЕВРОПА, ВИТАМИНКА А.Д, СВИСЛИОН ДОО, ТАКО.РС). Брендот е изработен за светски пазар со фокус на американскиот и канадскиот пазар, позиционирајќи ги ваквите производи во повисок сегмент и претставувајќи ја земјата во позитивно светло.