Финската компанија Нокиа побара извозни дозволи за испорака на телекомуникациска опрема во Русија од американското биро за индустрија и безбедност (БИС) и од финското Министерство за надворешни работи. Ова е неопходно за да се заврши процесот на „одговорно излегување“ од Русија.
Нокиа треба да набавува резервни делови за својата опрема од Финска, поради што побарала соодветни дозволи од тамошното Министерство за надворешни работи.
Станува збор за набавка на резервни делови, а не за опрема за проширување на мрежата. „Преговорите со сите корисници за тоа што точно е потребно за поддршка на функционирањето на мрежите се во завршна фаза“, изјави неименуван извор, пренесува Бизнис.рс.
Во април, Нокиа ја објави својата намера одговорно да го напушти бизнисот во Русија и најави повлекување поради војната во Украина. Нокиа очекува процесот да трае околу една година по добивањето на извозните дозволи.
Сите големи телекомуникациски оператори во Русија ги користат услугите на Нокиа, а според експертите, Нокиа покрива од 20 до 25 отсто од пазарот на телекомуникациска опрема во Русија. Руската продажба изнесува околу два отсто од вкупната продажба на финската компанија минатата година. Нокиа во април соопшти дека се надева дека ќе го заврши процесот на излегување до крајот на 2022 година. Во руската филијала на компанијата се вработени околу 2.000 луѓе.











