Nokia и Xiaomi потпишаа договор за соработка

42

nokia

Фото: Nokia

Производителот на мрежна опрема за телекомуникации Nokia и кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi потпишаа договор за лиценцирање на патенти, пишува Reuters.

Компаниите не ги соопштија финансиските детали од договорот.

“Xiaomi е еден од водечките светски производители на паметни телефони и ние сме среќни што потпишавме договор со нив“, вели извршниот директор на Nokia, Раџев Сури.

Nokia ќе може да ги користи производствените капацитети на Xiaomi, а за возврат кинеската компанија ќе ги користи патентите од финската компанија.

Освен постоечките проекти, компаниите заедно ќе работат на оптички решенија за поврзување на центрите за податоци, виртуелна реалност и вештачка интелигенција.