Финската технолошка компанија Nokia постигна договор за купување на француската Alcatel Lucent за 15,6 милијарди евра, со што ќе му се доближи пазарниот лидер за телекомуникациска опрема, Ericsson, пишува Reuters.
Со околу 114.000 вработени и продажба во висина од 26 милијарди евра, новата комбинирана компанија ќе биде втора на пазарот за телекомуникациска опрема со удел од 35%, веднаш зад лидерот Ericsson што располага со 40% од пазарот.
Комбинираната компанија ќе биде со седиште во Финска и за нејзиното управување ќе се грижи менаџментот на Nokia. До крајот на 2019 година е планирано да се заштедат 900 милиони евра трошоци без дополнително намалување на бројот на вработените по планираното реструктуирање. Спојувањето на двете компании ќе обезбеди и дополнителни 200 милиони евра заштеди.