Финскиот технолошки бренд Nokia најави дека во рамки на планот за реструктуирање и намалување на трошоците во следните две години ќе подели до 10.000 откази.
Тоа е дел од плановите за намалување на трошоците за околу 600 милиони евра во следните неколку години.
Производителот на телекомуникациска опрема рекол дека намалување на трошоците ќе се надоместат со поголеми вложувања во истражување и развој, вклучувајќи и 5G мрежа, дигитална инфраструктура, зголемување на платите и слично.
Со оваа одлука, Nokia од 90.000 за следните две години ќе има меѓу 80.000 и 85.000 вработени.
Фото: Pexels