Nolii – практични додатоци за електроника

31

home_hero_cropped-1600x1136

Фото: Nolii

Британскиот дизајнер Бенџамин Хуберт заедно со претприемачот Асад Хамир ја претставија Nolii, нова серија практични додатоци за електроника, пишува Dezeen.

Основачите започнаа со истражување на пазарот, односно корисници на смартфони, таблети и компјутери и нивните заеднички проблеми при користење на технологијата. Оттаму произлегоа пет решенија – Couple, Bundle, Keep, Set и Stack.

Couple е мала кутија во којашто може да се стават батерија од телефон и картичка. Bundle е цврст кабел со вградена дрвена јамка за лесно замотување и чување. Доаѓа и со USB кабел што овозможува корисниците да разменуваат информации од еден уред на друг.

Keep е малечка направа во форма на квадрат, што помага во “итни” ситуации. Уредот заедно со батерија, им овозможува на корисниците интегрирано складирање на USB меморија, а работи и како Bluetooth локатор.

Set има за цел да го намали бројот на полначи што еден корисник вообичаено би ги носел со себе. На крај, доаѓа Stack којшто е уште еден приклучок за смартфон, таблет и лаптоп, односно три во едно. Направата овозможува полнење на електронските уреди во движење.

Секој од овие пет производи од брендот Nolii има минималистички дизајн што, според креаторите ги прави единствени на пазарот за слични додатоци.