Нортволт отпушта четвртина од својата работна сила

59

Шведскиот Нортволт, голем производител на батерии за електрични автомобили, укинува 1.600 работни места поради разочарувачката продажба на електрични возила во Европа.
Компанијата исто така ги намалува своите активности за да ги намали трошоците. Пред оваа објава Нортволт имаше околу 6.500 вработени.

Компанијата веќе некое време е во финансиски тешкотии, делумно поради жестоката конкуренција од кинеските производители. Нортволт исто така се најде во неволја бидејќи производителите на автомобили ги намалија нарачките поради намалената побарувачка за електрични автомобили. На пример, поради ова, BMW во мај откажа нарачка со Northvolt вредна дури две милијарди евра.

Нортволт претходно објави дека ги откажува плановите за изградба на нова фабрика во Шведска. Исто така, во Шведска, компанијата е под надзор на властите поради загриженоста за безбедноста на работата во нивните производствени капацитети. Полицијата истражува неколку необјаснети смртни случаи на работници кои починале откако работеле во фабриката.

Во август регистрациите на нови електрични автомобили во Европа паднале за цели 36 отсто, а во Европската унија падот бил дури 43,9 отсто во споредба со истиот месец лани. Ова е само уште еден доказ дека клиентите сè помалку се заинтересирани за овој тип на автомобили и дека и други европски производители на батерии би можеле да се најдат во неволја.

Фото: Facebook