Норвешка е скептична: „Ограничувањето на цената на гасот нема да го реши основниот проблем“

100

Норвешка и ЕУ се договорија да ги конкретизираат дискусиите за предлозите за решавање на енергетската криза во Европа.

Ова го изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стере по телефонската средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Влегуваме во дискусиите со отворен ум, но сме скептични за максималната цена на природниот гас“, рече Стере, пренесе Ројтерс.

Тој посочи дека максималната цена нема да го реши суштинскиот проблем, а тоа е дека има премалку гас во Европа. Министрите за енергија на ЕУ минатата недела побараа од Европската комисија да предложи широки ограничувања за цените на гасот, иако извршната власт на ЕУ ја отфрли идејата.

„Се договоривме да го конкретизираме дијалогот со ЕУ во однос на предлозите што се на маса“, рече Стере. Норвешка, која не е членка на ЕУ, стана најголемиот снабдувач на Унијата со гас откако Русија го намали извозот поради војната во Украина, со што на нордиската земја и се даде рекордни приходи од нафтената индустрија поради порастот на цените.

Норвешка вели дека има за цел, како што е наведено, да биде сигурен снабдувач на гас за Европа и дека условите за трговија треба да се утврдат со преговори меѓу компаниите што пумпаат јаглеводороди и фирмите што го купуваат.