
Норвешката рударска компанија „Rare Earths Norway“ објави дека го открила најголемото европско наоѓалиште на високо ценети ретки земјени метали, што може да претставува пресвртница за оваа земја и за целиот регион.
Компанијата проценува дека има 8,8 милиони тони оксиди на минерали од ретки земји на локацијата Фен на југоистокот на Норвешка и верува дека изгледите за експлоатација се поволни.
Според извештаите, истражните работи на оваа локација ќе продолжат, а дополнително дупчење е закажано за следниот месец.
Компанијата очекува да ја започне првата фаза од рударските операции до 2030 година.
Тоа е една од ретките наоѓалишта што не е во сопственост или контролиран од Кина, пренесува CNBC.
Побарувачката за ретки земјени елементи се очекува да расте експоненцијално во наредните години поради енергетската транзиција, а со помош на ова наоѓалиште Европа би можела да ја намали зависноста од Пекинг.