Норвешка прекинува со купување круни на девизниот пазар

38

Норвешката централна банка објави дека ќе ги намали дневните купувања на националната валута – круната на девизниот пазар на нула од сегашните 700 милиони круни (80 милиони долари).

Како што е објаснето, таа одлука е донесена поради поголем прилив на готовина од очекуваниот од државниот сектор за нафта и гас.

Ревидираната мерка ќе стапи на сила денеска и ќе трае до крајот на ноември.