Фото: Pixabay
Со оглед на тоа што глобалната безбедност на храната е сериозен проблем, Норвешката влада предложи мерки за технички надградби во Глобалниот трезор за семиња на Свалбар. Целта е подобро да заштитат повеќе од 930.000 видови семиња што се наоѓаат внатре. Со грант од околу 10 милиони евра за 2018 година ќе се подобруваат перформансите но, и ќе се проширува сефот за семиња стои во официјалното соопштение.
Овој објект ги осигурува семињата од катастрофи, природни и вештачки, како што се нуклеарна војна или глобално затоплување. Но, со зголемените температури низ светот и Арктикот, стопениот мраз минатиот месец продре до тунелот за пристап до сефот. Досега, ниту едно семе не било оштетено, бидејќи секоја вода што се влева во сефот веднаш се исфрла.
Во план е да се изгради нов тунел за пристап и нова зграда за услуги, ладилници и електрична опрема. Трезорот за семиња се наоѓа на половина пат помеѓу Норвешка и Северниот Пол и е дом на најголемата колекција на семиња во светот. Вграден е во планина во Арктичкиот круг, а семето овде се чува замрзнато дури и без струја благодарение на климата. Истиот има голема и важна задача да се зачува целиот генетски материјал што е клучен за чувањето на семињата.