Норвешки Теленор сака да го купи хрватски Теле2?

34

tele2Во Хрватска наскоро би можело да дојде до едно од најважните преземања во последните 10 години. Како што ексклузивно дознава Вечерњи лист, два телекома го скенираат работењето на Теле2 Хрватска, третиот по големина мобилен оператор во оваа земја, зад ХТ и Випнет.

Наводно, еден од тие телекоми е норвешкиот Теленор, кој преку својата компанија во Србија, Теленор Србија, ќе го преземе Теле2, во сопственост на истоимената шведска компанија.

По пишувањата на Вечерњи лист, од Теле2 за Пословни дневник изјавија дека не коментираат шпекулации.

“Теле2 во изминатите осум години одлично работи во Хрватска, а во 2012 година бевме единствен мобилен оператор кој оствари раст и по број на корисници и по приход. Како резултат на тој успех, се појавувале и претходно, а се појавуваат и сега медиумски шпекулации за нашата иднина на хрватскиот пазар”, вели Валентина Јунаци од одделот за односи со јавноста за Пословни.

Теле2 во Хрватска е присутен од 2005 година и нуди услуги на мобилна телефонија и пренос на податоци, односно мобилен интернет. Теле2 е во 100% сопственост на Теле2 АБ со седиште во Стокхолм. Шведски Теле2 е еден од водечките телекомуникациски оператори во Европа со 32,3 милиони корисници во 11 европски земји.

Во Шведска, Теленор и Теле2 се жестоки конкуренти, но во поединечни деловни сегменти имаат блиска соработка.