Фото: Pexels
Компанијата Amazon, со цел да ја зацврсти својата позиција на ИТ пазарот, претстави технологија што ќе ја користи при продажбата на облека, пишува Verge.
Освен вообичаената облека којашто се наоѓа во понудата на интернет продавницата, наскоро ќе може да се очекува и линија на облека креирана од алгоритам.
Оваа технологија е развиена од одделот на Amazon Lab 126 (што се занимава со истражување и развој на нови технологии) и се базира на вештачка интелигенција и анализа на фотографии коишто се поставени на социјалните мрежи при создавање на облека.