Нов бизнис на поранешната прва дама на САД: Ќе произведува здрави сокови и грицки за деца

29

Поранешната прва дама Мишел Обама отвора компанија за здрава храна и пијалаци.

– Сфатив дека навиките на децата не можат да се променат однадвор, но мора да се навлезе длабоко во проблемот, односно да се најде начин да се промени самата индустрија за храна и пијалаци – изјави Обама, која рече дека е горда на компанијата дизајнирана не само да обезбеди подобри производи, туку и да започне трка за трансформирање на целата прехранбена индустрија.

PLEZi е веќе достапен кај некои големи трговци на мало, а компанијата планира да лансира грицки и други пијалоци фокусирани на намалување на шеќерот и слаткоста во наредните години.