
„Мајкрософт“ ќе отпушти уште неколку илјади луѓе по почетниот бран во мај, објави компанијата, додавајќи дека ќе има и намалување на одредени хиерархиски нивоа.
„Тоа ќе биде помалку од четири проценти од работната сила“, соопшти компанијата, додавајќи дека околу 9.000 вработени ќе бидат отпуштени, додека 228.000 луѓе работат во „Мајкрософт“.
„Продолжуваме да ги спроведуваме организациските промени потребни за поволно позиционирање на компанијата и нејзините тимови во променливата пазарна средина“, додаде компанијата.
„Мајкрософт“ објави кон средината на мај дека ќе отпушти околу 6.000 луѓе, што е помалку од три проценти од нејзината работна сила.
Многумина го поврзуваат овој процес на намалување на вработеноста со примената на вештачката интелигенција во компанијата, која е меѓу најнапредните во оваа област.
„Мајкрософт“ изјави на крајот на април дека од 20 до 30 проценти од внатрешното програмирање е направено со употреба на вештачка интелигенција.
Во јануари 2023 година, компанијата објави отпуштање на околу 10.000 работници до крајот на фискалната 2023 година, а овој негативен тренд не е единствен само за „Мајкрософт“, туку и за други големи технолошки компании.











