
Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 3,2 проценти во мај 2026 година, во споредба со три проценти во април. Една година претходно, стапката беше 1,9 проценти, објави денес Европската канцеларија за статистика – Евростат.
Годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 3,3 проценти во мај 2026 година, во споредба со 3,2 проценти во април. Во исто време минатата година, стапката беше 2,2 проценти.
Најниски годишни стапки се забележани во Шведска (1,1 процент), Данска и Чешка (и двете 1,8 проценти). Највисоки годишни стапки се забележани во Романија (9,7 проценти), Бугарија (6,3 проценти) и Литванија (5,1 процент). Во споредба со април 2026 година, годишната инфлација се намали во 11 земји-членки, a се зголеми во 16.
Во мај, услугите (+1,61 процентни поени, п.п.), енергијата (+0,98 процентни поени, п.п.), храната, алкохолот и тутунот (+0,36 процентни поени, п.п.) и индустриските стоки без енергија (+0,23 процентни поени, п.п.) позитивно придонесоа за годишната стапка на инфлација во Еврозоната.











