Нов договор на Гранит со Дирекција за технолошки индустриски развојни зони

55

Гранит извести дека потпишале нов договор со Дирекција за технолошки индустриски развојни зони вреден 35,24 милиони денари или 573.000 евра за изградба на дел од фекална и атмосферска канализација во Технолошко индустриската развоја зона Скопје 2.

Рокот на изведување е осум месеци. Минатата недела Гранит потпиша нов договор со Агенцијата за државни патишта за изградба на 10 километри од магистралниот пат Штип – Струмица.