Нов играч влегува на европскиот пазар на автомобили: Нуди рекордна гаранција од 10 години

1446

Виетнамскиот производител на автомобили Vinfastт има намера да дојде во Европа, а една од почетните точки за успех ќе биде гаранцијата од 10 години. Малкумина знаеја за Vinfast пред неколку месеци,  но компанијата потврди дека сака да започне сопствено производство во Германија.

На CES во Лас Вегас, Vinfast не само што претстави вкупно пет нови електрични кросовери, туку и потврди дека интензивно бара производствена локација во Германија каде што сака да започне сопствено производство од 2025 година.

Овој производител на автомобили е основан дури во 2017 година и треба да го освои светот во следните неколку години со производствени капацитети во Виетнам, САД и Германија. Vinfast на CES потврди дека во иднина ќе се потпира исклучиво на електрични автомобили.

Во Европа, Vinfast сака само директна онлајн продажба за нови електрични возила, а веројатно и за електрични скутери. Возилата ќе му бидат доставени на купувачот по купувањето, додека кај клиентот на сервис ќе дојдат и техничари кои ќе се обидат да го решат проблемот на лице место, пренесува Пословни.хр.