Во Виница денес ќе почне со работа нов македонски капацитет за преработка на овошје и зеленчук Провидент фудс груп.
“Во првата развојна фаза, капацитетот ќе произведува само полупроизвод кој ќе биде наменет за извоз (пазарот е веќе обезбеден), но крајната цел е да се создаде цела палета на конзервни производи коишто на европскиот и светскиот пазар ќе се продаваат под единствено име и македонски бренд”, се вели во соопштението.
Провидент фудс груп (Provident Foods Group) е основана во март 2013 година како капацитет за преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.