Нов обид за продажба на Adria Airways

3

adria-580x403

Словенија во средата објави нов повик за потенцијалните инвеститори да искажат интерес во постапката за продажба на националниот авиопревозник Adria Airways.

Се продаваат 91,58% акции, од кои 69,87% се во сопственост на државата, а остатокот на државни фондови.

Adria Airways минатата година на 30 редовни линии во Европа и чартери имаше 1,1 милион патници. Последните години работи со тешкотии, но лани успеа да оствари 900.000 евра добивка.

Adria Airways е на листата 15 фирми во кои мнозинска сопственост има државата, што треба да се приватизираат. Компанијата неколку пати е докапитализирана од државата. Првиот обид за продажба пред три години заврши без успех.