Нов обид за продажба на Палома

32

Paloma-Наскоро ќе почне повторена постапка за продажба на словенечката компанија Палома. Евентуалниот купувач ќе мора да ја докапитализира компанијата, пишува љубљански Дневник.

Скоро сигурно за купување повторно ќе се јават словачката компанија Slovak Hygienic Paper (SHP) и српската Drenik ND. Двете компании беа во најтесниот избор во претходната пропадната постапка во 2011 година.

Оваа година работењето на Палома се подобрува, по три години работење во црвено. Во првите седум месеци, компанијата остварила 47,6 милиони евра приход, 2,2 милиони евра готовински тек од работењето (ЕБИТДА) и 200.000 евра добивка.