Нов пад на цените на нафтата: Вчера се тргуваше за 88 долари, денеска падна на 82 долари

86

Цените на нафтата се зголемија во понеделникот на меѓународните пазари над 88 долари, откако ЕУ воведе ембарго на руската нафта и заедно со членките на Г7 поставија лимит за нејзината цена.

На лондонскиот пазар вчера цената на барелот попладне беше повисока за 2,53 долари во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 88,10 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 2,40 долари поскапо, по 82,38 долари.

Но, утрово ситуацијата е поинаква. Цената на Брент изнесува 82, 34 долари за барел, додека на американскиот пазар се тргува по цена од 76,50 долари за барел.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, во неделата ја потврдија одлуката од октомври за намалување на производството за два милиони барели дневно, а вниманието се сврте кон ембаргото на ЕУ за руската нафта.

Русија соопшти дека нема да продава нафта на земји кои ја ограничуваат нејзината цена, што може да значи значително намалена понуда на пазарот.