Нов пакет од ОНЕ, Select Business

33

ccdfe0cf-8391-4178-8079-c81ba358c986Компаниите отсега ќе имаат можност сами да го креираат својот бизнис пакет и тоа за секоја линија поединечно, со новата пакет понуда од ОНЕ, Select Business.

Телекомуникацискиот оператор промотивно во Select Business нуди и пакет со месечна претплата од само 248 денари и бесплатен телефонски апарат Alcatel Tribe 3040.

ОНЕ го освежува целокупното бизнис портфолио, па така сите корисници кои ќе го префрлат својот постпејд број на некој од бизнис тарифните модели на Select или Total, промотивно ќе добијат до 10 месеци без претплата односно вкупен попуст на сметката од 2.000 денари, распоредени на 10 еднакви износи во следните 10 месеци, за секоја пренесена линија во ОНЕ бизнис, поединечно.

Исто така и Total портфолиото на ОНЕ нуди нови, подобрени и исклучително атрактивни пакети во бизнис понудата.

Покрај промоцијата за попуст на месечните фактури која се однесува и на Total пакетите, промотивно во Total, сите нови и постоечки постпејд бизнис корисници кои ќе направат обнова на договор на 24 месеци, за истата месечна претплата, во зависност од изборот на моделот, ќе добијат подобрена и збогатена понуда и зголемени попусти за нов телефонски апарат.