Нов протокол за влез во Грција на Евзони од понеделник

321

Министерството за внатрешни  работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин Богородица од страна на грчката гранична служба од граничниот премин Евзони се добиени дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција на граничниот премин Евзони.

Почнувајќи од понеделник 17.08.2020 до понеделник 31.08.2020 часот, на граничниот премин Евзони, само во периодот од 06 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само државјани на Република Грција, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасадата на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила. Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот Евзони потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа.

Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).

Фото: Moi.gov.mk