Нов рекорд: Ер Србија превезе 300.000 патници во август

64

Најголем број превезени патници за еден месец од рекордната 2019 година, авиокомпанијата Ер Србија превезе во август 2021 година. Се работи за повеќе од 300.000 патници во редовниот и чартер сообраќајот, преку домашниот аеродром во Белград, како и аеродромите во Ниш и Краљево.

Постигнатиот резултат на националната авиокомпанија на Република Србија претставува најголем број превезени патници за еден месец во 2021 година и е продолжување на континуираниот раст во текот на летните месеци.

Ер Србија последен пат превезе повеќе од 300 илјади патници за само еден месец во претпандемската 2019 година, што според сите параметри беше рекорд за националната авиокомпанија.

Од почетокот на летната сезона, српската национална авиокомпанија бележи постојано зголемување на бројот на патници. Во јули, превезени се 63 проценти повеќе патници отколку во јуни, додека резултатот од јуни беше 68 проценти подобар отколку во мај.
Благодарение на рекордните резултати во текот на мај и јуни оваа година, Ер Србија забележа пазарен удел од 52 проценти на аеродромот во Белград во вториот квартал од 2021 година, што претставува зголемување од дури 9 процентни поени во споредба со вториот квартал на рекордната 2019 година.