Нов рекорд: Инфлацијaта во Турција во септември надмина 83%

119

Инфлацијата во Турција во септември надмина 83 %, една седмица откако Централната банка ги намали каматните стапки.
Националаната агенција за статистика  соопшти дека цените на производите за широка потрошувачка минатиот месец се се покачиле за 83,45%, споредбено со септември минатата година.

Највисок годишен пораст на цените е забележан во транспортниот сектор од 117,66 отсто, а потоа следуваат цените на храната и безалкохолните пијалоци кои според статистиката пораснале за 93 отсто.